718
Австралија денеска го регистрираше првиот смртен случај како последица од ковид-19 во оваа година. Исто така, забележани се и 77 случаи на новозаразени во државата Нов Јужен Велс која се бори се позаразната делта-варијанта на коронавирусот, јавува „Ројтерс“.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклијан, изјавила дека очекува бројките на нови случаи да растат, особено во најголемиот град, Сиднеј, и за неа ќе биде изненадување ако не биде така.
-Ќе се шокирам ако утре има помалку од 100 нови случаи, изјавила премиерката.
Денешните 77 новозаразени се рекордни за оваа година. Претходниот рекорд за 2021 беше забележан вчера кога имаше 50 случаи.