Во Австралија најдена „игла во стог сено“ – радиактивна капсула испаднала од камион

by fokus

Властите во Австралија тврдат дека пронашле радиоактивна капсула која исчезнала минатата недела во Западна Австралија, јавува Би-Би-Си.

Итната помош „буквално нашла игла во стог сено“, најави државниот министер за вонредни ситуации.

Беше започната масовна потрага кога предметот се изгуби додека се транспортираше по патека долга 1.400 километри низ Западна Австралија помеѓу градовите Њуман и Перт, која траеше една недела. Рударскиот гигант Рио Тинто се извини за загубата на уредот, што можеше да претставува сериозна опасност.

Камионот со капсулата пристигна во складиштето во Перт на 16 јануари, а службите за итни случаи беа известени за исчезнатата капсула дури на 25 јануари. Властите се сомневаат дека вибрациите од камионот предизвикале олабавување на завртките, капсулата испаднала од пакетот, а потоа и од отворот во камионот.

Јадрото на капсулата содржи мала количина на радиоактивен цезиум-137, кој може да предизвика сериозни болести доколку се допре. Капсулата е со димензии осум милиметри на шест милиметри. Цезиум-137 е радиоактивен изотоп на цезиум со период од полураспад од 30 години.

Неговото ослободување се случува со употреба на нуклеарно оружје, како и во случаи на несреќи во нуклеарни централи, поради што претставува голем ризик за животната средина.

Поврзани новости