Рекорден трансфер во историјата на англискиот фудбал

by fokus

Фудбалерот од средниот ред Енцо Фернандез се пресели во Челзи. Информациите за трансферот најпрво се појавија на веб-страницата на Комисијата за пазарот на хартии од вредност во Португалија, а потоа го потврди Бенфика.

Лондонскиот клуб за 22-годишниот Енцо ќе плати на Бенфика 121 милион евра во неколку транши. Договорот на Аргентинецот со сините е до летото 2031 година.

Сумата од 121 милион евра (приближно 105 милиони фунти) е рекорден трансфер за англискиот фудбал. Пред тоа рекордот го држеше трансферот на Џек Грилиш, за кој Манчестер Сити и плати на Астон вила 100 милиони фунти.

Енцо е осмото засилување за Челзи во јануарскиот преоден рок. Севкупно, клубот под новите сопственици, предводени од Тод Боули, веќе има реализирано 16 трансфери.

Поврзани новости