315
За време на падот на малиот авион што денеска се урна во малезискиот регион Селангор, загинаа 10 лица – осум во авионот и двајца на автопат, соопшти началникот на полицијата Хусаин Омар Кан.
Тој изјави дека во авионот имало шест патници и двајца членови на екипажот, додека меѓу загинатите има и мотоциклист и возач на автомобил, кои го загубиле животот кога авионот удрил во автопатот.
Министерот за транспорт Ентони Лок рече дека приватниот авион полетал од островот Лангкави и бил пуштен да слета на аеродромот Субанг.
Неколку минути пред слетувањето, авионот излета од курсот и се урна во земјата, рече Лок.