На автопатот Загреб-Ријека, мал спортски авион „цесна 150“ слетал на коловозна лента. За среќа, се поминало без големи последици и никој не би повреден. Како што пренесува хрватскиот портал 24сата.хр во авионот биле инструкторот на летот и неговата ученичка. Благодарение на неговата присебност инструкторот успеал да го приземји авионот.
-Се возевме кон морето кога одеднаш, на оддалеченост од два автомобили пред нас спортски авион слета на автопат, веројатно му беше оштетено крилото, удри со носот, но успеа да слета, рекла жена за 24сата.хр
Пожарникарите и работниците на автопатот Загреб-Ријека излегле на патот.
-Засега немаме многу детали, во тек е интервенција, рекол еден од пожарникарите.
Како што пренесуваат хрватските медиуми во авионот кој принудно слетал имало жена која учела да пилотира, а со неа бил инструкторот Т.Г. искусен долгогодишен пилот.
-Им откажал моторот во авионот, но не се знае поради што. Тоа допрва ќе го видиме. Авионот не е наш, туку ние го позајмивме затоа што нашиот беше на поправка. Во моментот кога откажал моторот, авионот лебдел неколку минути, а наставникот имал малку време да одлучи дали сака да слета на ливада или автопат. За среќа, не слетал на ливада, затоа што таму има многу камења и дупки и прашање е како тоа би се завршило. Вака среќно се приземјиле и за среќа нема повредени, рекол пилотот Миљенко Буцаловиќ од првата приватна школа за пилоти во Хрватска.
Инаку, план им било да летаат до Гробник и таму да направат неколку слетувања, па да се вратат во Загреб.
-Биле некои максимални 300 метри висина кога се случило откажувањето на моторот. Со прибраноста на наставникот се добро се завршило, рекол Буцаловиќ. Во таквите летала не се носат падобрани, а Буцаловиќ истакнува дека само во филмовите некој од земјата може во тие моменти да помогне.