Во август ќе се исплаќа повратот на ДДВ за второто тримесечје

by fokus

Второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица се заокружи на 30 јуни. Повратот на 15 отсто од искажаниот промет во фискалната сметка кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август 2020 година.

Како што соопшти Управата за јавни приходи (УЈП), во ова тримесечје за април, мај и јуни 2020 регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, а скенирани се вкупно 41 650 814 фискални сметки, направен промет од 21 414 380 426 денари, а вкупниот поврат изнесува 334 556 243 денари, односно 5 440 000 евра.

„УЈП апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот“, се наведува во соопштението.

Оттаму посочуваат дека граѓаните што имале погрешно наведени податоци, а во меѓувреме ги коригирале, односно ги навеле точните податоци, ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.

Поврзани новости