277
Само неколку часа по понудата Унгарија да посредува за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, Бугарија го отфри предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан кој вчера во Охрид соопшти дека до македонската страна доставил предлог за надминување на проблемот, но побара и согласност од Бугарија за Унгарија и официјално да стане медијатор, експресно беше одбиен од бугарската влада.
Според тамошниот министер за надворешни Иван Кондов на Бугарија не и се потребни посредници во процесот бидејќи европскиот договор со Македонија бил јасен.