Во Арачиново и Ченто 148 санкционирани возачи 

by Fokus

Во Арачиново и во Ченто изречени се вкупно 148 мерки, во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека за возење без возачка дозвола се изречени 34 мерки, 25 за неисправни и нерегистрирани возила и седум санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли, наведуваат во соопштението, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости