Хуманитарецот Али Февзи е ,,Маж на годината” според социјалните медиуми!

by Fokus

Берберот и хуманитарец Али Февзи е добитник на наградата ,,Маж на годината” според социјални медиуми за 2020 година. Тој успеа да собере најголем број на гласови од публиката, односно дури над 2.600 граѓани гласале за него.

Веднаш зад Февзи се најде министерот за здравство Венко Филипче со 1.800 гласа, а кардиохирургот Сашко Јовев освои 1.100 гласа.

Според број на освоени гласови, потоа следува Иван Огњановски, првиот пациент кому му беше пресадено срце, па специјалистот епидемиолог Жарко Караџовски, графичкиот дизајнер и сликар Зоран Кардула и други.

Организаторот на настанот ,,Мажи на годината” информира дека официјалниот избор ќе се одржи на 25-ти ноември со почеток од 20.00 часот и ќе се пренесува на МРТ1. ,,Маж на годината” во избор на социјални медиуми е номиниран од јавноста, и исто така јавноста со своите гласови одлучува кој ќе биде победникот.

Годинава, победата убедливо отиде кај Февзи кој стана симбол на хуманост во земјава, секојдневно помагајќи на социјално загрозени лица. На изборот има вкупно 13 категории, а целта на настанот е да ги промовира македонските успешни мажи.

\Вики Клинчарова

Поврзани новости