Во апартманот на Халкидики кајшто се пукало престојувал предводник на група од подземјето?

by fokus

Во изнајмениот апартман на Халкидики кајшто се пукаше ноќеска неофицијално престојувал предводник на криминална група од македонското подземје и  уште три лица од Скопје.

Овие информации засега се неофицијални и непотврдени, а идентитетот на лицата кои настрадаа во синоќешното пукање се уште не е соопштен. Единствено грчките медиуми пренесуваат дека убиениот бил сопственик на казино.

Како што пренесуваат грчките медиуми ноќеска околу 3.30 часот во Ханиоти, на Халкидики биле застрелани двајца македонски државјани. Еден од нив, на возраст од 39 години починал, а друг, на возраст од 45 години е хоспитализиран во болница.

Според очевидци, две непознати лица со качулки на мотор се приближиле до изнајмениот апартман и пукале во лицата.

Поврзани новости