Бројот на ученици во основните и средните училишта во Албанија рапидно се намалува и ова е поизразено во основното образование.
Институтот за статистика, ИНСТАТ, објави дека бројот на ученици во основното образовение во последната деценија е помал за 30 отсто, додека во споредба со првата година од транзицијата, 1991 година, за 45 отсто.
-Минатата година во основно образование биле запишани 295.000, во 2010 година 421.000 додека во 1991 година над 540.000 ученици. Основното образование денеска има околу 126.000 ученици помалку споредено со бројот на основците пред една деценија,или околу 295.000, потврдуваат статистичките податоци на ИНСТАТ.
-Намалениот наталитет и големата емиграција се двата фактори што ги празнат училиштата и ќе станат предизвик за одржливиот развој на земјата.Индексот на наталитет во 60-тите години на минатиот век беше 6,8 раѓања по жена, во 2001 година 2,1 раѓање, во 2011 година 1,7 и на 1,36 деца во 2019 година,наведуваат албанските медиуми.
Според податоците на Евростат Албанија,во 2018 година, е рангирана меѓу 7-те земји со најниска стапка на наталитет во Европа, оставајќи ги зад себе само Грција, Кипар, Италија, Шпанија, Малта и Украина.
Медиумите наведуваат дека во училиштата малку се вложува за создавање соодветни услови за нормално одвивање на наставата, дури многу помалку споредено со периодот на комунизмот, кога имало многу повеќе ученици.