Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос

by irena 20:18
20:18

Во еден од најимпресивните планински региони во Албанија, регионот Никај-Мертур во северниот албански град Тропоја, поставена е статуа на Исус Христос.

Тоа е прва ваква статуа во Албанија.

Споменикот наликува на познатата статуа Христос Спасителот“ во Рио де Жанеиро.

Статуата е направена од Сокол Ндуе Прогни, жител на областа, и наликува на оригиналната во Рио, каде што Христос се појавува со раширени раце. На церемонијата на инаугурација присуствуваа претставници на црквата, жители на областа, како и многу гости од Албанија и дијаспората.

Иницијативата за поставување на статуата е на локални верници и организации кои сакаат да создадат нова туристичка атракција во северниот дел на земјата.

Локалното население и организаторите веруваат дека ова место ќе стане посакувана туристичка дестинација.

Слични вести