Полицијата вчера само на територија на град Скопје изрекла вкупно 334 мерки, а санкционирани се исто толку возачи. Меѓу казните 32 се за возење без возачка дозвола, 26 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 37 мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за управување под дејство на алкохол, соопшти МВР.
Во засилените акциски контроли на МВР вчера во Скопје се изречени шест мерки за минување на затворен семафор односно на црвено светло, 20 санкционирани пешаци, 64 мерки за непрописно паркирање и 43 подигнати возила со „пајак“, а за неносење на заштитна маска изречени се 18 санкции.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.