Во акција на полицијата на Црна Гора и Албанија запленет кокаин вреден 40 милиони евра

by Fokus

Црногорската полиција соопшти дека запленила 430 килограми кокаин. Во акција на албанската и црногорската полиција и обвинителствата на тие две земји, како што се наведува во соопштението, се уапсени десет државјани на Албанија.

Станува збор за количина која од Црна Гора пристигнала во Албанија, а се проценува на вредност од 40 милиони евра.

 

Поврзани новости