Протести денеска во 18 часот денеска ќе се одржат и во Струмица, откако веќе два дена граѓаните протестираат револтирани од последните „бомби“ објавени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
– По повод обелоденувањето на снимките на кои се потврдува скривањето на убиството на Мартин Нешковски од страна на власта, и протестот во Скопје и денешниот во Битола и Прилеп, од утре – И СТРУМИЦА се приклучува на протестите против полициската бруталност.Струмица гордо и исправено стои до Скопје, Битола, Прилеп, Куманово и Кавадарци, затоа што сите солидарно ќе помогнеме да имаме подобро утре -се наведува во соопштението од таму.
Најавите за мирниот протест во Струмица следуваат непосредно по објавените разговори од опозицијата во кои се открива обидот за сокривање на убиството на Мартин Нешкоски кој беше претепан до смрт од полициски специјалец пред три години, а во моменти кога мноштво од народ излегува на улиците и пред зградите на Владата и Собранието за да го искаже својот револт“, се вели во соопштението на група граѓани.
Протестниот марш ќе започне во 18:00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица со следнава маршрута на движење: Плоштад „Гоце Делчев“ низ зградата на општината до СВР Струмица. Маршот ќе заврши пред зградата на СВР.