Амбасадата на САД во Скопје информираше дека лотаријата за зелена карта за 2018 година, со која се овозможува легален постојан престој во САД започнува денеска (вторник) во 18 часот, а завршува на 7 ноември 2016 година, исто така во 18 часот.
Аплицирањето е бесплатно, односно не се плаќа никаква административна такса, а граѓаните можат да аплицираат на официјалната веб страница www.dvlottery.state.gov, каде има целосни инструкции.
Учесниците во лотаријата треба да ја чуваат потврдата најмалку до 30 септември 2018 година бидејќи тој број е единствениот начин преку кој ќе може да се провери дали некој е избран за иселеничка виза. Стејт Департментот нема да ги контактира учесниците преку електронска пошта, туку тие самите треба да проверат дали се избрани на 2 мај 2017 година.