Во 17 часот Владата ќе одржи седница на која ќе одлучи за 58 часовниот карантин

by fokus

Премиерот Оливер Спасовски денеска посочи дека се уште не е донесена одлука за 58-часовниот карантин, кој го предложи Комисијата за заразни болести.

Тој потенцираше дека Владината сендница на која ќе се одлучува е закажана за во 17 часот.

-Ние до сега не само што се повикувавме, туку и ги носевме одлуките врз мислењето на стручните луѓе. Немаше политички одлуки, рече премиерот Оливер Спасовски, потенцирајќи дека седницата е закажана за во 17 часот.

На прашањето зошто се уште нема одлука, бидејќи препораката на комисијата е уште пред 3 дена, Спасовски потенцираше дека нема разлика во ставовите меѓу членовите на владата, и рече дека се речиси 100% усогласени, освен претставникот од опозицијата.

-Ние размислуваме во насока на препораките од науката, а не на политиката, рече Спасовски.

Поврзани новости