Спасовски за предлогот на Чулев за награда од 15.000 денари за вработените во МВР: Гол популизам!

by fokus

Барањето на министерот за внатрешни работи, Наќе Ќулев, за награда на полицајците од 15.000 денари, премиерот Оливер Спасовски го оцени како гол популизам.

-Неговото барање е гол популизам кој не може да се поврзе со наградите за вработените во здравство. Ќе ви кажам еден пример. Кога се правеше ребалансот на буџетот, министерот за здравство се бораше за да не се крати од буџетот за здравство, а Чулев самиот понуди 88 милиони, зошто не му требале. Тоа говори колку е сериозен во намерите, рече Спасовски.

Пред еден ден министерот Чулев објави на фејсбук дека изготвил предлог уредба за награда од 15.000 денари награда за вработените во МВР, која ја доставил во Владата.

Поврзани новости