Граѓанската иницијатива „Удар“, која веќе одржа еден протест пред Собранието, продолжува со својата борба за, како што велат, подобра Македонија.
Новиот протест е закажан за денеска во 17 часот пред законодавниот дом, а на него ќе се повика на попис на населението, целосна финансиска ревизија на проектот „Скопје 2014“, решавање на проблемите на загрозените групи во Македонија, а ќе се бара и ослободување на медиумите од владејачките канџи.
-Иницијативата „Удар – За Македонија се работи” се бори за подобра Македонија затоа што ни е доста од: повеќе од 30 отсто невработеност; здравството да тоне додека министерот си игра видео игри со операции; евро-атлантската интеграција е уназадена; да се бориме за човекови права а семејни насилници да се шетаат на слобода и убиваат; Владата да се залага за социјална правда, а да има безброј лица со инвалидност измамени за вработување“, соопштуваат од „Удар“.