Во 13 часот виделе дека Калина и Александар ги нема, до 19 часот биле во телефонски контакт со нив

by fokus

Федерацијата на планински спортови денеска го објави извештајот на командантот на тимот за брз одговор за заштита и спасување на планина при Дирекцијата за заштита и спасување за тоа што се случувало на Кајмакчалан кога загинаа двајцата планинари Калина и Александар.

Според извештајот, групата која се вратила до врвот бидејќи било увидено дека Калина и Александар неогстасуваат, во 13 часот се вратила назад во ски центарот, мислејќи дека тие двајца веќе се вратени назад. Но, тогаш групата констатира дека Калина и Александар не се во центарот и и ја алармира спасителната служба во центарот.

13:10 часот, два ратрака од центарот придружувани во едниот со водичот Зоран и во другиот со Дејан се упатуваат кон врвот по потрага.
Ратракот придржуван со Дејан го пребарува теренот до 14,30. По нивното враќање во центарот Дејан воспоставува телефонски контакт со Калина и Александар, кои му кажуваат дека се добро и дека се под некоја карпа во заветрина. За ова по радиоврска од центарот е информиран ратракот во кој се наоѓа Зоран и почнува претрага на терен каде што се претпоставува дека има карпа.

17 часот потрагата со ратракот е прекината и тимот со Зоран се враќа во Ски центарот. Во меѓувреме 1 ратрак во кој е Дејан повторно трнува во потрага во обид да ги лоцира според остварениот контакт. Телефонски контакт помеѓу овој ратрак и Алексадар и Калина се одржува се до 19 часот.

Извештајот тука завршува и нема детали што се случувало понатаму.

Поврзани новости