Во 12 часот денеска почнува протестниот собир пред МРТВ, предводен од генералот Стојанче Ангелов со цел да се натера јавниот сервис да си ја врши работата како што треба и да прекине да ги брани лошите политики на власта. Вакви протести Ангелов досега организираше неколкупати. Целиот процес тој го започна сам, а подоцна секоја сабота му се приклучуваа неколку стотици граѓани.
На последните неколку протестни собири пред МРТВ имаше неколку музички перформанси, потоа актерките Ирена Ристиќ и Ана Костовска го формираа својот „Белизе Бенд“, а се појавија уште многу јавни личности, кои побараа МТВ да биде сервис на граѓаните, а не на власта.
Генералот Ангелов веќе поднесе кривична пријава против Јавниот обвинител Марко Зврлевски за злоупотреба на службената положба и против главниот и одговорен уредник на МРТВ Диме Ратајкоски за селективно и пристрасно пласирање информации преку јавниот серви, бидејќи МРТВ не ги објавува снимките од прислушуваните разговори во кои ги објавува СДСМ.
Тој на почетокот се обиде да ги убеди уредниците на јавниот сервис да ги пуштаат аудио-снимиките од „бомбите“ на лидерот на опозицијата Зоран Заев, но откако не успеа почна со протестите.