539
Министрите од ДУИ во Владата во 11 часот ги доставуваат оставките до премиерот Емил Димитриев, информираат од партијата на Ахмети.
– Не можеме во оваа држава само ДУИ да се грижи за нејзината иднина, институциите имаа обврска да покренат постапка за лицата што објавуваат приватни разговори, но останаа неми. Ова е првиот чекор за предупредување, не значи дека нема да одиме и чекор натаму – велат од ДУИ.
Повеќето од функционерите на ДУИ велат дека во текот на денот, партијата ќе ги образложи своите одлуки за излегување од владата.