Сите документи што ги имаме и нашата самосвест и чувство дека ние неговите роднини, јас како внук, сестра ми како внука и татко ми како брат, секогаш сме тврделе дека сме Бугари, бидејќи сме родени од мајка Бугарка и татко Бугарин. А, во прашалникот на Вапцаров јасно пишуваше дека е од бугарско потекло и со бугарска националност. Тврдењата што ги имаат браќата од Северна Македонија не се оправдани- во емисија на Бугарската Национална Телевизија БНТ тврди Никола Вапцаров, внук на поетот Вапцаров, по повод отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, кое треба да се случи во недела.
Додава дека и во прашалникот кој Никола Вапцаров го потполнил кога бил уапсен, убаво напишал дека е Бугарин, со бугарска националност.
-Што имал Вапцаров со Северна Македонија? Ајде објаснете ни! Тој не знаел дека ќе се случува такво нешто – во емисијата вели неговата внука, Маја Вапцарова.
Целта на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград е тој да биде културен мост помеѓу народите, во емисијата тврди Атанас Мазнев, кој бил иницијатор на отворањето на клубот.
Советот на Општина Благоевград остро се спротивстави на отворањето на клубот, но бидејќи бил лоциран на приватен имот, не била потребна дозвола од Советот за негово отворање, појаснуваат во емисијата на БНТ, и додаваат дека на отворањето на клубот ќе присуствува лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Вики Клинчарова