Страшна сообраќајка во Волково, загина скопјанец во запалено возило

by Fokus

Доцна по полноќ, жител на Скопје загинал во тешка сообраќајна незгода откако превезувајќи се, се превртел со возилото кое се запалило, велат од МВР.

„На 28.10.2022 во 3:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. 60 и ул. 58 во с. Волково, Скопско, патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С.(26) од с. Волково и А.Г.(28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат“, додаваат од МВР.

Поврзани новости