Внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Фатмир Лимани, најави дека ќе се кандидира за градоначалник на Кичево на претстојните локални избори како независен кандидат. Тој во изјава за Алсат, ги искоритукува сегашниот градоначалник на ДУИ, Фатмит Дехари.
Го обвини за, како што вели, очајната ситуација во градот и иселувањето на младите.
-Актуелниот градоначалник од 2002 година е претседател на партискиот огранок на ДУИ, беше заменик-министер, па директор на пошта. Вршеше и други раководни функции. Потоа стана градоначалник на Осломеј, па градоначалник на Кичево. Како единствен успех во целиот период може да му се смета поплочувањето на улици со бекатон-плочки, но и тоа мора да се провери бидејќи цена по која се набавени и целата зделка се сомнителни, изјавил Лимани.