Инцијативниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ го одложи вонредниот конгрес оти имало многу заразени

by fokus

Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ го одложи конгресот закажан за 28 март во Скопје. Како што соопштуваат од Оборот, ваквата одлука е донесена заради влошената епидемиолошка состојба и доцнењето со техничките подготовки.

-Навремено ќе ги информираме делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин“, се вели во краткото соопштение од Иницијативниот одбор.

Иницијативниот одбор претходно побара оставка на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и избор на ново раководство преку вонредниот конгрес. Дел од Иницијативниот одбор е и поранешниот директор на УБK, Сашо Мијалков кој е осуден на 12 години затвор за масовното прислушување и се наоѓа во притвор.

Поврзани новости