Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп во текот на ноќта изврши увид во семејна куќа во Прилеп во која се случи убиство, соопштуваат од јавното обвинителство.
Вчера вечер околу 23,00 часот, 30 годишен маж со умисла ја лишил од живот неговата баба со која живеел.
Додека сега починатата спиела во нејзиниот кревет, осомничениот се обидел со перница да ја загуши, но настанало меѓусебно борење, по што тој земал метален боксирач и удирајќи ја повеќе пати во пределот на главата и нанел тешки телесни повреди. Како последица на повредите настапил смртен исход. Жртвата била на возраст од 78 години.
Од МВР информираа дека по еден час од настанот М.М. (30) сам се пријавил во Полициска станица Прилеп.
По наредба на јавен обвинител во моментот се врши обдукција на почината старица, во исто време издадени се и наредби за прибирање на траги и доказен материјал од местото на настанот.
По предлог на обвинителот, судијата на претходна постапка на осомничениот со Решение му одреди мерка – Притвор во траење од 30 дена.