Внимателно на патиштата: Намалена видливост поради магла

by fokus

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – село Гајре, Павлешници, Штип, Велес, Кула- Катланово и видливост до 100 метри има кај Страцин, Струга, Крива Паланка, Тетово и Гостивар, информираат од ЈП „Македонијапат“.

Сообраќајот на патиштата се одвива тековно по претежно влажни коловози.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Поврзани новости