Внатрешна контрола истражува зошто граѓаните не можат да ги подигнат готовите пасоши, вели Бојмацалиев

by Fokus

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за Сител ТВ на прашањето зошто граѓаните не можат да ги подигнат своите готови патни исправи, рече дека за ситуацијата се истражува од внатрешна контрола на МВР.

„Има доволен број навработени, ќе се испита целата ситуација, ќе се најде проблемот и ќе има решение и за тоа. Ова се случува во последните 30 дена, порано знаете дека личните документи граѓаните за 15 дена ги добиваа. Сакам да дознаеме јас како дополнителен заменик министер за внатрешни работи, да дадеме одговор пред Народниот правобранител и пред граѓаните, зошто одредени патни исправи не можат да бидат земени од граѓаните, а се веќе готови. Тоа е истрага од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди”, рече Бојмацалиев

Поврзани новости