794
„Ја уништивте партијата, Панчо не е ВМРО..“ . Транспарент со ваква содржина осамна ноќеска пред општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци, објави Актуелно.
Членови на партијата поставија транспарент на кој пишува „Ја уништивте партијата. Панчо не е ВМРО“-незадоволни од неговата висока четврта добитна позиција на кандидатскатра листа за пратеници.
Револтираните членови на ВМРО-ДПМНЕ јавно го изразија своето незадоволството откако ВМРО ДПМНЕ со своите коалициски партнери ја објавија листата на која стоеше името на поранешниот градоначалник на Кавадарци Панчо Минов на високото четврто место во четвртата изборна единица. Освен во кавадаречката јавност негативни коментари и незадоволство кавадарчани изразуваат и на социјалните мрежи, коментирајќи дека е срам за партијата, човек како Панчо Минов да биде кандидат за пратеник на листата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку,Панчо Минов претходно беше два пати пратеник во Собранието на Република Македонија, два пати градоначалник, и еден мандат советник. Досега неговата политичка кариера бележи членување и коалицирање во ЛП, СДСМ, ГРОМ и сега со ВМРО-ДПМНЕ.