442
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат да запрат неправдите, хајките и местенките и тврдат дека ќе останат на улиците се додека, како што велат ова лудило на власта не престане.
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај Мавровка;
– Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Инаку, опозициската партија ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.