Вмровската фракција прашува каде завршиле кривичните пријави за владини функционери?

by Фокус

Демократска фракција на ВМРО-ДПМНЕ денеска праша зошто Специјалното јавно обвинителство не постапува со премиерот Зоран Заев исто како што постапи со градоначалникот на Македонски Брод Милосим Војнески во предметот Моќник, во чии рамки поднесено е обвинение за злоупотреба на службената положба со купопродажба на земјиште.

„Се работи за купено земјиште во овој случај по 100 денари по квадратен метар, во постапка без јавно наддавање, иако со актите на општината – (Ценовник) пазарната вредност на градежно земјиште за тој регион е предвидена цена од 400 ден по квадрат. Во предметот „Поткуп“ Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица од некој си свој сограѓанин барал поткуп од 160.000 евра за дозвола за легализација (или купување – не е јасно од снимката) на земјиште. Значи, општинско земјиште по пониска цена од утврдената се продавало (или легализирало) и во општина Струмица додека градоначалник бил Заев“, велат од Фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, од таму го повикуваат Заев јавно да каже што стана со поднесените кривични пријави за Бујар Османи, Муса Џафери и останатите високи владини функцинери?

Поврзани новости