ГАЛЕРИЈА Заев, Николовски и Макрадули засадија дрва и цвеќиња во Дојран

by Фокус

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за земјоделство Љупчо Николовски, заменик-министерот за животна средина, Јани Mакрадули и советникот за животна средина Драган Јованов, денеска учествуваа во акција за уредување на општина Дојран, во која им се придружија министерот за култура Роберт Алаѓозовски и советничката Цветанка Ласкова.

-Граѓаните многу јасно и гласно ни дадоа до знаење дека нема да прават компромиси кога е во прашање здравјето и животната средина. Тоа за нас беше доволен сигнал за тие приоритети да ни се меѓу најбитните во креирањето политики за подобрување на животот на сите во Република Македонија. Затоа сме денес заедно тука, затоа што веруваме во вредноста на граѓанскиот ангажман, не само во политиката, туку и во секојдневниот живот – рече Заев.

Фото: МИА

Поврзани новости