ВМРО смета дека кавгата меѓу Пендаровски и Филипче е глума

by Фокус

Додека трае претставата и глумата меѓу Стево Пендаровски и Венко Филипче, Македонија имаше нов црн ден во кој од корона починаа 33 граѓани, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако претседателот на државата оцени дека вакцинацијата на македонски граѓани во Србија е срам за државава, додека Филипче му префрли дека не се вклучил во процесот на набавка на вакцини.

„Реалноста е дека власта од која дел се и Заев, Пендаровски и Филипче потфрли и не ги заштити граѓаните навреме и не им набави вакцини. Како резултат на тоа, сме една од земјите со највисока смртност, а граѓаните спасот го бараа во Србија. Одговорноста за кризата и хаосот е и кај Пендаровски и кај Филипче и тоа го знаат и самите, затоа прават претстава пред граѓаните префрлувајќи си ја топката еден кај друг, додека бројките на починати растат“, велат од ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Филипче, Заев и Пендаровски заедно на заедничка маса ги носат мерките и заедно прогласија и вонредна состојба кога, според опозициската партија, им требала за злоупотреба на власта.

Поврзани новости