Апасиев: Блокадата на одложувањето на пописот може да се надмине со „европско знаменце“

by Фокус

Лидерот на Левица Димитар Апасиев вели дека има начин како да се заобиколи блокадата што Алијанса на Албанците и Алтернатива ја најавуваат за одложување на пописот.

-Има две варијанти за одложување на пописот. Или тоа да го стори Собранието, кадешто не би можело да има блокада, бидејќи би одел со „европско знаменце“ за два до три дена. Во случај да не може тоа да се постигне, мислам дека ќе се оди преку Уставниот суд, односно со постапување по Иницијативата на Левица – поништување на Законот за попис, или негово укинување со времена мерка мораториум – ставање вон сила“, вели Апасиев.

Откако Зоран Заев и Христијан Мицкоски постигнаа договор за одложување на пописот за септември, албанската опозиција предводена од Зијадин Села и Африм Гаши најавува дека со амандмани ќе ги блокира законските измени за одложување на операцијата.

Поврзани новости