ВМРО се сомнева во деловната способност на Арсовска: Личност со особини на ѓубре го води Градот!

by Фокус

Да се преиспита деловната способност на градоначалничката Данела Арсовска, нека не го измачува Скопје и нека си даде оставка, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако Арсовска го нападна Христијан Мицкоски.

„Ја разбираме специфичната состојба во која се наоѓа Данела Арсовска, иако не ја оправдуваме истата. Веројатно ѓубрето е помалиот дел од проблемот, туку личноста со слични карактеристики на него, која го води градот. Оттука изразуваме сериозен сомнеж за деловната способност на Арсовска да го води градот. Нема претпријатие кое не го упропасти, а последниот случај покажа дека ЈП Комунална хигиена може да работи само во тесна соработка со полицијата на Спасовски“, велат од партијата.

Претходно, Арсовска на Мицкоски му посочи дека за политички поени прво креира проблеми, а потоа се преправа дека ги решава.

-Нема да дозволиме интересите на мафијашите да бидат пред интересите на граѓаните. Сакам да му порачам на Мицкоски дека е разобличен вечерва, бидејќи сака да креира проблеми на грбот на граѓаните, за политички поени. Таквите политичари се најголемото ѓубре. Од вечерва со чистењето на ѓубрето, ќе ги чистиме и нив – порача таа.

Арсовска: Политичарите како Мицкоски се најголемо ѓубре, ќе ги чистиме и нив!

Поврзани новости