ВМРО реагира: На власта не и пречи што Љубе и Тачи се на црна листа

by Фокус

СДСМ е во коалиција со политичари на црната листа на САД и прават бизнис со анти-НАТО фирми, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната прес-конференција на Богданка Кузескa, која праша дали Христијан Мицкоски стравува дека и тој би можел да се најде на црната листа како Никола Груевски?

„Во коалиција со СДСМ се Мендух Тачи и Љубе Бошкоски – и двајцата на црната листа на САД. СДСМ е спремен со кој било да коалира, само за пари и власт. Институциите со кои СДСМ управува даваат тендери на анти-НАТО фирми. Во СДСМ се спремни на сè, имаат двојни аршини и прават криминал“, се наведува во партиската реакција.

Претходно, Кузеска рече дека само една недела по посетата на Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека Груевски е ставен на „црната листа“.

-Причините за оваа постапка од САД нашите граѓани многу добро ја знаат, тоа е вмешаност на Никола Груевски во корупција и криминал од невидени размери. Бројни судски предмети и признанија на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ тоа го потврдуваат, како Твдрина, Титаник… Новина е можеби фирмата на Никола Груевски која треба да се утврди дали е поврзана со сомнителни финансирања по неговото бегство – рече Кузенска.

Поврзани новости