ВМРО приреди настан со фенери за ковид-жртвите, СДСМ го нарекоа Мицкоски некрофил

by Фокус

Бројот на починати од ковид-19 можеше да биде многу помал, ако не беше неспособното управување на власта со кризата, порача Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот настан каде со небесни фенери партијата оддаде почит кон жртвите од вирусот.

„Овој настан вечерва е во знак на почит од жртвите од ковид,луѓето кои ги загубивме, а можеше да се направи многу повеќе. Тие не се тука поради неспособната Влада и Венко Филипче кој мора да си даде оставка. Неговата оставка не е прашање на политички чин туку прашање на нужност. Прашање на живот“, рече Мизрахи.

Од СДСМ реагираа дека ДПМНЕ ја злоупотребува смртта на стотици граѓани и се рекламира со тагата на нивните семејства.

„Починатите и заболените од Ковид 19 не се статистика не се само обична бројка за ДПМНЕ-Некрофилна да прави настани и перформанси, да ги злоупотребува во очајната трка за политички поени. За каква мобилизација зборува ВМРО-ДПМНЕ кога токму некрофилот Христијан Мицкоски партиски ги делеше здравствените работници“, стои во партиската реакција.

Поврзани новости