Дополнителни приходи преку продажба на државен имот и внес на парите надвор од системот

by Фокус

Дополнителни извори на приходи во буџетот може да се обезбедат и на повеќе начини, истакна премиерот Зоран Заев на МРТВ. Во таа насока, тој ја спомна можноста за внесување на кеш парите кои се надвор од системот ако не се под истрага, продажба на земјоделско земјиште и државните компании и имот. Тоа, според него, треда да се стави во функција.

-Заинтересирани имаме веќе од Австрија, Словенија, Романија, Чешка и сл. Имаме заинтересираност од земји на Вишеградската група да инвестираат во такви дејности. Но, имаме пример од познати компании од Швајцарија, Италија, Австрија за скијачки центри како што е Попова Шапка. Во Косово испорачавме понуда да влеземе заедно со Брезовица од нивна страна за да биде попримамлива. Генерално се позитивни и верувам дека можеби и заедно да одиме. Ливадиште во струшкиот дел е нешто што е навистина 100 отсто сопственост на ЕСМ, ама не го користиме како ресурс – рече премиерот.

Исто така, тој додаде дека се отвораат и авангардни дебати за декриминализација и легализација на марихуаната, за проекти од енергетиката и штедење на енергијата.

Поврзани новости