ВМРО побара СДСМ да каже со кого ќе прави влада и по која цена

by Фокус

Бидејќи СДСМ трет ден тврди дека има мнозинство, јавно ги повикуваме да кажат кои  се партиите од новото мнозинство, која е цената за таквата коалиција, кој ќе биде премиер, побараа од ВМРО-ДПМНЕ, откако СДСМ предмалку соопшти дека преговараат за формирање Влада со нов четиригодишен полн мандат, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот.

„Што се однесува до иднината за која пишуваат ако од СДСМ зависи иднината тешко на државата и граѓаните. Бидејќи велат дека од нив зависела европската иднина тогаш јавно прашуваме што ги спречуваше до сега нејзе да ја донесат“, велат од партијата на Христијан Мицкоски.

Поврзани новости