ВМРО обвинува дека партиска фирма ја реконструира Универзална – СДСМ дека ДПМНЕ ја остави салата да се распаѓа

by fokus

Пожарот што избивнува во Универзалната сала која девет години не функционираше, го искористија партиите за меѓусебни обвинувања. ВМРО-ДПМНЕ прашува дали партиска фирма изведувач, блиска до врвот на СДС е причина за молкот на Ковачевски и Бисера Костадиновска околу пожарот во Универзална.

-24 часа молк од СДС која е фирмата која е ангажирана за извршување на градежни активности на Универзална сала, и дали таа е блиска си врвот на нивната партија? Ковачевски и Бисера Костадиновска молчат и за тоа какви материјали се вградувани. Дали е градено според стандарди или како и се до сега со СДС што им се видело поевтино за да имаат простор за големи маржи за нечии џебови? Власта молчи и за надзорот и дали тој го одобрил сето тоа што до сега било направено, обвини опозицијата.

Според СДСМ пак, ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се распаѓа, иако беше започнат процесот за реконструкција од страна на претходната локална власт на СДСМ.

-Култниот објект и симбол на Скопје, две години го оставија на забот на времето, да пропаѓа и од внатре и од надвор, па дури и предавањето на реконструкцијата на Универзална сала на Министерството за култура им беше проблем. ДПМНЕ во програмата за локалните им вети на граѓаните реконструкција на Универзална сала, тоа не се случи. Тоа е уште едно неостварено ветување на неспособната локалната власт на ДПМНЕ и нивната градоначалничка во Скопје. Ветуваа модерно Скопје, а испорачаа хаотичен и нечист град, со нефункционални јавни претпријатија, потонати во долгови, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

Поврзани новости