ВМРО-НП: Зошто во македонската историја ги нема оние кои се бореа против Ванчо Михајлов?

by fokus

ВМРО-Народна партија денеска преку соопштение вели дека се согласува дека името на Ванчо Михајлов не е соодветно избрано за да претставува културен клуб во Македонија, но и бара  од Министерството за правда да ги идентифицира политичките партии кои веќе се имаат повикано на континуитетот на Ванчо Михајлов и да се поведе постапка за нивна забрана во Македонија.

-Во исто време сметаме дека дојдено е време македонската историографија да ни каже, ако веќе Ванчо Михајлов претставува толку црна личност, тогаш зошто светлите личности кои се бореа против него исто така ги нема во македонската историја и се комплетно избришани, а притоа се членови на ВМРО-Обединета, односно прогресивни и национално освестени Македонци.
Сакаме да спомнеме само некои од нив:

– Владимир Поп Томов

– Петар Шанданов

– Методија Шаторов Шарло

– Антон Југов

– Георги Пирински

– Васил Ивановски

– Лев Главинчев

– Пеце Трајков

Ова се главните личности кои водеа борба против Ванчо Михајлов, зошто овие личности ги нема во македонската историја, велат од партијата.

Поврзани новости