ВМРО-НП: Владата да го преипита работењето на „гробарот“ на ЕМО, Виктор Мизо

by Fokus

Општинскиот Комитет на ВМРО – Народна партија од Охрид бара од Владата да го преиспита работењето на поранешниот пулен на ДПМНЕ и директор на ТИРЗ зоните. Виктор Мизо и да направи увид во сите договори кој ги има потпишано именуваниот.

– Имено, Мизо како директор на ТИРЗ ја има продадено технолошката линија за производство на трансформатори на бугарски инвеститор, но производствената хала која е специјално направена за таа намена ја изнајмува на друга компанија, во која сега по заслуги истиот е директор. Со овај чин Мизо направи непоправлива штета, па така наместо отпочнување со работа на ЕМО – Трансформатори, каде беа планирани над 100 работни места, инвеститорот е принуден, заради неможност да почне со работа, да се иселува и  целиот бизнис да го префрли во соседна Бугарија – се наведува во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека намерите на инвеститорот биле заедно со германската фирма гигант во областа на производство на трансформатори да ја рестартираат оваа фабрика и на годишно ниво да се произведуваат 10 000 трансформатори, што секако ќе придонесело за развојот на Охрид и Македонија.

– Напорите на актуелната власт да се најде решение останаа без успех заради договорите кој ги има потпишано овoј „гробар“ на ЕМО. Господине Мизо, можеби актуелната власт ќе ве подзаборави меѓутоа охриѓани, ЕМО, „емовци“, а особено ВМРО НП од Охрид никогаш нема да заборават и новата ера секако не може да започне со вакви кадри – продолжува понатаму во соопштението.

Поврзани новости