Облачно и студено време, на некои планини падна и првиот снег

by Fokus

Под влијание на влажен и студен воздушен бран, денеска ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, односно ќе надминат 20 литри на еден квадратен метар. Вакви врнежи ќе има претежно во западните и во северните делови од земјава, информираат од УХМР.

Од таму додаваат дека на планините над 1.500 метри надморска височина ќе паѓа снег.

Дневната температура ќе изнесува од 3 Целзиусови степени на крајниот запад на земјата до 8 степени крајниот исток. Во Скопје дневната температура ќе биде околу 10 степени, во Повардарието и на крајниот југоисток 15 до 16 степени, а во Охридско-струшкиот Регион до 13 Целзиусови степени.

Поврзани новости