ВМРО-НП: Провладините телевизии вршат духовно злосторство врз сопствениот народ

by Фокус

Во провладините национални медиуми, посебно на телевизиите „Алфа“, „Канал 5“ и „Сител“, кои уживаат поддршка од владата и добиваат огромни средства од ментори, претходната година доминирале емисии со српска националистичка содржина, директно насочена против македонскиот идентитет, сметаат од ВМРО-Народна партија.

„Како поинаку да ги наречеме стотина пати репризираните документарни емисии во кои се величи српството во балканските војни и Првата Светска Војна, филмот „Маршот на Дрина“ серијалот посветен на ликот на Никола Пашиќ, на најголемиот српски националист и осведочен душман и негатор на македонскиот народ и идентитет, емисии за српските династии Обреновиќ и Караѓорѓевиќ, серијата „Монтевидео“ и најголемата глупост, серијата што деновиве се емитува под името „Војна Академија“ која претставува замена за носталгијата по окупациската ЈНА, до петпарачки филмови и емисии каде доминираат неморал, пцости , резилии и други гадости. А сето тоа во меѓувреме зачинето со повеќечасовна српска турбо фолк музика“, реагираат од ВМРО-НП.

Според партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, ова претставува духовно злосторство врз сопствениот народ и е еднакво на предавство.

Поврзани новости