Итно да се објави пресудата за Кежаровски

by Фокус 14:44
14:44

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски го повикува Апелацискиот суд до петок, 16 јануари 2015, да ја соопшти пресудата, која како што веќе информираше судијата Сафет Незири е донесена.

Доколку до петок таа не биде соопштена, Иницијативниот одбор упатува јавен повик до сите новинари и граѓаните со своето присуство пред Апелацискиот суд да го искажат незадоволството од одолговлекување на објавувањето на пресудата.

- Advertising -

„Ваквата состојба на исчекување го доведува нашиот колега и неговото семејство во крајно неизвесна ситуација, потсетуваме, Кежаровски е невин! Тој е осуден за текст објавен во 2008 година во кој открива манупулации со заштитен сведок во случајот Ореше, кој во 2013 година и самиот призна дека лажел и дека изјавата ја давал под принуда“, се вели во соопштението на иницијативниот одбор.

Колегата кежаровски повеќе од година и половина е во ужасно тешка ситуација – притворен и осуден иако е невин, без право да излезе од домашниот притвор, без право да работи. Дополнително, тој и целото негово семејство од октомври се држат во состојба на исчекување на одлуката на судот.

„Сметаме дека се преминати сите хумани и човечки граници на трпение. Колеги срамно е да се солидаризираме со ужасниот масакр што се случи врз новинари во Париз, а да молчиме кога наш колега е невин осуден и се држи во притвор“, смета одборот.

 

Поврзани новости