ВМРО-НП: Прифатлива е промена на преамбулата по моделот на Уставот на историското ВМРО

by Fokus

ВМРО-Народна партија вклучувајќи се во дискусијата за уставните промени го искаже својот став дека „прифатлива е промена на преамбулата по моделот на Уставот на историското ВМРО“.

„Според Уставот објавен во книгата `ВМРО 1893-1903 година – поглед низ документи` во Скопје, 2013 година од авторот Ванчо Георгиев – македонски историчар и професор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, читаме во член 3: `Член на БМОРК може да биде секој бугарин без разлика на пол…` и член 15 каде се дефинира заклетвата на секој вмровец: `се заколнувам во Бога, верата и својата чест дека ќе се борам до смрт за слободата на бугарите во Македонија и одринско…` – стои во соопштението од партијата на Љубчо Георгиевски.

Оттаму велат дека „овој Устав е напишан од Гоце Делчев и Ѓорче Петров“.

„ВМРО-Народна партија смета дека ако на историското ВМРО не му пречеле Бугарите, тогаш нема потреба денеска да се плашиме од нив. ВМРО-Народна партија смета дека посебна одговорност за позитивен однос кон овие уставни промени имаат токму партиите кои го носат предзнакот или името `ВМРО`.

Поврзани новости