ВМРО – Народна партија од Охрид ја поздравува одлуката на светиот синод на Македонската православна црква да изнајде начин за признавање на нашата света апостолска православна црква и секако да се исправи една историска неправда од 1767 година кога беше укината Охридската Археископија.
-За таа цел го охрабруваме светиот синод на МПЦ да продолжи да разговара со сите православни цркви, особено со оние кој вистински сакаат да помогнат во признавањето на МПЦ, а тоа во моментов е Бугарската православна црква. Нашиот апел до двете православни и сестрински цркви и до нивните великодостојници е да го искористат овај историски момент и да си подадат рака и со тоа ќе покажат зрелост и мудрост, а истовремено ќе придонесат кон приближување и помирување и на другите православни цркви во регионов. Имено, не можеме да ги разбереме напорите на поединци и одредени медиуми кој со сите сили работат овај историски договор да не успее. Уште еднаш го повикуваме владиката Повардарски Агатангел, повеќе да се посвети на учење на верата и љубовта помеѓу христијаните, а во иднина кога ќе се појави во јавност ставовите кој ги изнесува барем да бидат негови, не ментор и нарачател да биде Илија Димовски. Од такви ментори кои беа на власт единаесет години видовме до каде ја донесоа Македонија и Македонската православна црква, се вели во соопштението на ВМРО-НП Охрид.