549
ВМРО-НП во минатото се прослави како политичка партија која на градоналаниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ им доделуваше „Златни шајкачи“ секогаш кога во нивниот град гостуваше некоја српска турбо-фолк ѕвезда.
Овој пат партијата одлучи да го награди и да му оддаде почит на својот лидер Љубчо Георгиевски кој по десет години напорна работа го изгради барокниот хотел под Кале. Во таа чест, ВМРО-НП на својот претседател му додели „Златна барокна перика“ и негов портрет изработен во техниката масло на платно!