424
ВМРО-Народна партија повикува на максимална воздржаност кај сите политички партии и други чинители во политичкиот живот во Македонија, а пишаните и електронски медиуми и социјалните мрежи да не шират дезинформации и непотврдени вести по случувањата во Куманово.
„Сето ова, со цел да придонесиме сите заедно за смирување на состојбата и да дадеме шанса на одговорните институции во Македонија, целосно да ги расветлат вистинските мотиви, со што ќе се надминат последиците од една ваква тешка ситуација“, се наведува во соопштението на „народњаците“ на Љубчо Георгиевски.